Мицкоски во Ѓорче Петров: Најдобрите времиња за Македонија и за граѓаните допрва доаѓаат

0
166

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва беше во посета на општина Ѓорче Петров.Тој во рамки на кампањата „Обнова на Македонија“ оствари средби и разговори со голем број на граѓани.

-На граѓаните ќе им порачам дека и покрај сите овие порази, неуспеси што се случуваат во овие три години од власт Зоран Заев и СДСМ, го гледавте вчера како шета и гази дебели, црвени персијански килими во Бакингемска палата и се симна овдека во реалноста, во Волково каде што уште еднашка се обиде да ги изманипулира и лаже жителите на Ѓорче Петров, на Скопје, на Македонија дека еве они работеле, они блескале, ќе се изречам со речникот на Зоран Заев. Но за жал реалноста не е како што се оние црвени дебели персиски килими во Бакингемска палата, туку овдека луѓето живеат, мизеруваат и во 21 век ги немаат основните услови за живот, немаат канализација, немаат пристојно снабдување со вода до своите домови, така што можеше да ја види реалноста која што ќе ја остави позади себе на 12 април. Но ќе повторам ВМРО-ДПМНЕ е тука, ВМРО-ДПМНЕ е тука да ги охрабри граѓаните да не ја губат надежта, да не ја губат вербата затоа што најдобрите времиња за Македонија и за граѓаните на Македонија допрва доаѓаат. Она кое што можам да го ветам не само овде во Ѓорче, туку секаде онаму каде што ги посетивме оние градови, села за време на овие теренски активности под мотото „Обнова на Македонија“ е дека ВМРО-ДПМНЕ има план, ВМРО-ДПМНЕ знае каде ќе оди Македонија во следните години и ВМРО-ДПМНЕ знае да направи успешна Македонија, затоа ве молам не ја губете надежта, ова несреќна епизода наречена СДСМ и Зоран Заев завршува на 12 април 2020, најдоброто допрва доаѓа за Македонија и граѓаните на Македонија, порача Мицкоски.

Коментирај