Мицкоски: Власта нема ниту концепт, ниту програма – 12 април е одговорот, а обновата е решението

0
128

Заев не е човек од збор, и за него зборот нема вредност. Последниот пример за тоа е повлекувањето на прогресивниот данок, што покажува дека незнаат што прават, пишува на својата Фејсбук страница лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.Мицкоски понатаму пишува дека власта нема јасен економски концепт, ниту стратегија која треба да донесе развој и секоја нивна политика претставува неуспешен експеримент на грбот на народот. -Немаат јасен економски концепт, ниту стратегија која треба да донесе развој, а секоја нивна политика е на ниво на неуспешен експеримент на грбот на напатениот народ. Ова значи дека се што ветувале може да вратат по старо, дека за се може да се извинат, и да речат ние тоа не го мислевме, притоа да не навлегувам во нивните празни флоскули, демек ќе врателе пари кај народот и ќе земеле од богатите, за да имаат сиромашните, во исто време ќе облечел и железни опинци ама ќе одел бос, пишува Мицкоски.

-Но прашањето е сега кој ќе надохнади за изгубените пари кај луѓето од оваа мерка која според признание на самата власт неуспеала. А ќе потсетам Македонија беше земја со најниски даноци во Европа и пошироко. Ова значи дека утре тие без пардон ќе може да го повлечат секое свое ветување со кое создале надеж кај луѓето. Ќе речат пу, пу неважи и 500 евра плата, 100 илјади денари плата за докторите, чист воздух, живот, датумот за преговори, европската иднина…Немаат ниту концепт, ниту програма, површно и исклучиво популистички, но и во тоа немаат план. Овие луѓе вака носат одлуки, а таа “мало сутра” политика има влијание врз сите нас. Овие луѓе не само што се штетни туку и опас и за нашата иднина, пишува во својот статус лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

12 април е одговорот, а обновата е решението, заклучува Мицкоски.

Коментирај