Мицкоски: Вистинската намера на случаите на СЈО се уцени, закани и рекет врз бизнисмени и политичари

0
109

Вистинската намера за започнатите обвиненија од страна на Специјалното јавно обвинителство е всушност притисокот, уцените, заканите и рекетот врз бизнисмените и политичарите, додавајќи дека според мислењето од Врховниот суд СЈО е неовластен за покренувања на истраги после 30 јуни 2017 години, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Сител ТВ.

Тоа е исто како сега јас и вие да отпочниме истрага, при таа истрага да прибавуваме докази и откако ние ќе заклучиме дека имаме доволно количество на докази да создадеме еден документ кој што ќе го именуваме како обвинение и потоа судовите врз основа на тоа обвинение да водат судски процес кој што ќе кулминира на крај со ослободителна пресуда или со осудителна пресуда. Со тоа се докажува вистинската намера на изготвувачот и предлагачот, во случајот министерката за правда Рената Десковска и претседателот на владата Зоран Заев. Вистинската намера е јасна да се направи случај кој што понатаму ќе се користи за притисок и рекетирање на бизнисмените и уцена и притисок и политичарите, потенцираше Мицкоски.

Како што додаде тој, по 30 јуни 2017 година Специјалниот јавен обвинител, тужителот во случајот „Таргет“ е неовластен според мислењето на Врховниот суд кое што е дадено оваа година, отпочнува процеси кои што се надвор од законот кој што претходно е усвоен.

Коментирај