Мицкоски упати жестоки критики: Мерките на Владата денес се сé, само не помош за стопанството!

0
411

Во емисијата „Клик Плис“ на ТВ 21, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати жестока критика за економските мерки за поддршка на стопанството поради коронавирусот кои што ги презентираше денес Владата на СДСМ.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ го поддржала предлогот за прогласување на вонредна состојба само поради тоа што претставниците на власта посочиле дека тоа е потребно за да државата се справи со економските последици од пандемијата.

Но според Мицкоски, Владата денес не покажала сериозност и ниту една од презентираните мерки не е од круцијално значење за македонското стопанство кое се соочува со сериозни проблеми.

-Како што разбрав од Зоран Заев вчера и техничкиот претседадтел на Владата, Оливер Спасовски на нив им е потребна вонредната состојба за да се справат со последиците пред се на економски план. Од она кое што денеска утрово можев да го видам на прес-конференција на Мила Царовска и Нина Ангеловска, не можам да заклучам дека имаат јасен план, односно она беше се само не беа мерки кои што може да му помогнат на стопанството. Токму тоа беше причината за да се побара вонредна состојба на територијата на целата држава. Пред се поради тоа што овој момент сега Владата откако е прогласена оваа вонредна сотојба државата добива ингеренции да носи акти со сила на закон и тука пред се се мислеше на справување на економските последици од пандемијата на коронавирусот, а не поради тоа што да речеме дека имаме момент на доопремување и доекипирање на здравствените институции кое што можеа и досега да го направат. Тука пред се мислам на ребалансот на буџетот, пред се мислам на мерките кои што ќе значат поддршка на бизнисот. Тоа беше изговорот зошто е потребна вонредна состојба и ние тоа го подджавме. Но за жал, она кое што го видов утрово, а кое што беше презентирано на таа прес-конференција посебно во делот ќе ги частиме компаниите, навистина претставува едно непримерно однесување на луѓе кои што во овој момент треба да се однесуваат сериозно, имајќи ја во предвид сериозноста на ситуацијата, вели Мицкоски.

Коментирај