Мицкоски: Секогаш кога СДСМ е на власт ние имаме големи ветувања, од кои потоа следат само разочарувања

0
507

Имаме катастрофална ситуација во економијата, во земјоделието, немаме реформи во образованието, нема никакви реформи во здравство една траорна ситуација ширум Македонија, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервјуто дадено за ТВ Сител.

Мицкоски истакна дека не само неговите соработници, членовите на ИК на партијата, туку и тој на тие посети со членовите, со граѓаните ширум Република Македонија разговара за реалните проблеми, бидејќи животот во Македонија е се потежок.

Секогаш кога СДСМ е на власт ние имаме големи енормно големи ветувања кои што понатаму како реакција предизвикуваат големи очекувања кај граѓаните, но за жал на крај кулминираат со сериозни разочарувања, нагласи Мицкоски.

Денеска во Македонија, има една апатична слика помеѓу граѓаните, едно сивило, граѓаните се жалат на лошиот живот. Од први до први не можат да скрпат. Егзицентицијални се проблемите и покрај ова национално понижување и омаловажување што ни се случува сега. Кое што е резултат од политиките на СДСМ, Зоран Заев и неговите соработници.

Коментирај