Мицкоски: Самите ќе мора да се избориме за правда и правдини, за човечко достоинство и честитост- овие избори се тој момент

0
366

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Свети Николе каде се сретна со граѓаните од ова населено место.

-Денеска бев во Свети Николе. Често луѓето прашуваат зошто овие неправди се случуваат, како да се спротивставиме? Одговорот е со отпор, со неоткажување, со борба до победа, за вистинска правда. Победуваат храбрите и мотивираните, ние имаме мотив, а храброста на луѓето кои си ја сакаат татковината е поголема од самоволието на власта, нашата цел е сонот за Македонија. За години од сега ќе можеме да кажеме дека кога било потребно сме застанале цврсто, сме се спротивставиле и сме победиле. Заеднички, цврсто, одлучно. Овие избори се тој момент. Самите ќе мора да се избориме за правда и правдини, за човечко достоинство и честитост, стои во неговиот Фејсбук статус.

Коментирај