Мицкоски: Преспанскиот договор е лош и овозможи грчката страна да стекне права

0
317

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за во интервју за „Политика“ вели дека во односот во регионот со Србија и Бугарија пред се очекува искреност, меѓусебна почит и помагање.

Политика: Што очекувате од односот во регионот, пред се со Србија и Бугарија? За „балканскиот шенген“ договорен во Нови Сад и по ваше мислење каква е судбината на Преспанскиот договор?

Мицкоски: Очекувам искреност, меѓусебна почит и помагање. Очекувам соработка која што ќе обезбеди подобра егзистенција за нашите граѓани. Соседите се и за во добро и за во лошо. Мислам дека созреваме и учиме од грешките. Секој договор во насока на продлабочување на соработката е добредојден. Сепак не треба да го сфатиме како замена за нашата крајна цел, а тоа е членството во ЕУ. Преспанскиот договор е лош и овозможи грчката страна да стекне права. ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во процесот на преговарање и срамниот чин на носење на уставните измени преку уцени на пратеници и непринципиелни компромиси со правото и законите. Судбината на Преспа ќе зависи од резултатот на изборите. Доколку имаме стабилно парламентарно двотретинско мнозинство во парламентот и мнозинство кај пратениците од другите етнички заедници различни од македонската, се отвара можноста за враќање чекор назад, во спротивно не чека многу работа и реформи, Македонија на брза трака до моментот на полноправно членство во ЕУ, а потоа од внатре да ги корегираме грешките. Не постои Договор кој може да ми забрани да бидам Македонец кој говори македонски јазик и е од Македонија. Нашиот концепт е НЕ на антиквизацијата и НЕ на севернизацијата, туку големо ДА и враќање на македонизмот во Македонија.

Мицкоски: Фактичка состојба е дека Зоран Заев не испорача ниту “р” од реформите

Коментирај