Мицкоски предупреди: Мора да знаете дека не гласате за европски вредности – Ова е референдум за Договорот од Нивици!

0
343

Ветувања не остварува, ама барем остана верен на своите клептомански пориви. Типично за Заев човекот кој шибицарски пред камера бараше поткуп од 200 илјади евра, претходно го амнестираа за 8.5 милиони евра тежок сомнеж за криминал, сега поттикнува поткуп среде Крива Паланка. Ништо не е чудно, тоа е пусти Заев кој за тие пари подготвен е се да продаде само фотелјата да ја задржи. А обвинителството продолжува да молчи како надвор да не се случува ништо, како да има „бајка“. Медиумите 20 минути зборуваат за убавиот сон на Заев додека масовна плачка се случува низ Македонија, рече лидерот пред десетици илјади штипјани, кои дојдоа денеска на протестен марш да го изразат незадоволството од предавничката политика на власта.

-И кога вака ќе се притиснати од скандали нормално светлото ќе го свртат кон ВМРО. Па утрината ќе има објави дека ВМРО-ДПМНЕ тивко го гушнала бојкотот, и на истите места вечерта ќе објават дека ВМРО не поддржува бојкот. Тука е и таа изнасилена кампања во која ќе најдат некој кој задолжително ќе го престават како дел од раководните структури на партијата, или па ако не е тоа ќе биде некој роднина на роднината член на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе говори дека морало да се гласа. Ама на овие истиве места нема да слушнете ниту збор за тие се погласни превирања во СДСМ, како поранешниот нивен претседател Црвенковски признава дека не ги бива и не даваат резултати, како крила во СДСМ единствено апсат за функции и елиминираат конкуренција, ама не и за сторен криминал, бидејќи криминалот е широко метастазиран во нивните највисоки кругови.

Ќе креираат квази тема со бомбастичен наслов од типот – „Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за референдумот – факт или фикција?” и ќе зборуваат за нешто што не може да биде појасно. Па ќе речат ВМРО нема став за референдумот, и добро нека го кажат планот Б ако не успее референдумот?

Прво, еве, за нив, не за вас, зошто знам дека на вас се ви е јасно, за нив ќе повторам уште еднаш, наједноставно што можам.

-ВМРО-ДПМНЕ, почитувајќи ги своите вредности на индивидуална слобода и демократско поведение одлучи да остави на граѓаните на оваа држава да постапат на 30-ти септември по своја слободна волја и убедување! Тоа значи, дека ние нема да наметнуваме партиска агенда, туку ќе учествуваме во дебатата исклучиво презентирајќи факти и аргументи кои сме длабоко убедени дека се на наша страна.

Мицкоски повтори дека ставот на партијата е дека за национално прашање, како што е менување на името на државата МОРА да одлучува нацијата. Улогата на партиите во овој случај е да му ги објаснат на народот фактите и последиците, добрите и лошите страни. Во тој процес, партиите имаат должност да ги презентираат фактите такви какви што се и имаат уште поголема обврска да не спинуваат вакви суштински прашања.

-Зашто луѓето мораат да знаат, Македонската нација мора да знае, и сите нејзини составни делови, не само Македонците, мораат да знаат какви последици повлекуваат сите можни одговори на овој референдум. Овој референдум, иако намерно збунувачки срочен, не е изјаснување дали сакаме во ЕУ или во НАТО, туку е референдум за тоа дали прифаќате да се промени името на земјата и дали ги прифаќате сите последици што произлегуваат од договорот.

Мора да знаете дека не гласате за европски вредности затоа што ова е референдум на кој се одлучува дали го прифаќате или не го прифаќате Договорот од Нивици и ништо друго! Гласањето ЗА нема да го промени фактот дека Зоран Заев и следниот ден ќе му дели тендери на брат му Вице, Кочо Анѓушев и понатаму ќе удира по новинари со фломастер, нивните градоначалници ќе продолжат да ги шпионираат своите соседи и сограѓани, ќе шверцуваат цигари или ќе тепаат жени и што уште не се спремни да направат за таа пуста власт.

Коментирај