Мицкоски: Покрај националниот срам и понижување, паралелно се случува и економско уништување на Македонија

0
596

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска преку социјалната мрежа Фејсбук истакна дека најголем дел од економските податоци укажуваат оти економскиот раст и во вториот квартал ќе биде најверојатно повторно најнизок во Европа.

-Така податоците за градежниот сектор (до сега расположливи податоци има за април) упатуваат на пад од 10% на извршените градежни работи. Во иста насока влијае и извршувањето на капиталните расходи во буџетот за вториот квартал (38% пониски во однос на истиот период од минатата година), додека повлекувања на средства по основ на кредитни линии од јавните претпријатија за инвестиции скоро воопшто и да нема (изградбата на автопатиштата сеуште е стопирана), вели Мицкоски.

Појаснува дека ваквите податоци дефинитивно укажувааат оти градежниот сектор негативно ќе влијае врз Бруто домашниот производ за вториот квартал од 2018 година, а имајќи предвид дека инвестициите во градежниот сектор имаат високо учество во бруто инвестициите, рече Мицкоски, повеќе од јасно е дека повторно ќе имаме негативен раст кај бруто-инвестициите.

– Дополнително, ниското исполнување на капиталните инвестиции во буџетот укажува дека јавната потрошувачка која ја контролира владата на СДСМ сериозно ќе наштети на македонската економија. Во април и мај 2018 година индустриското производство забележа раст од само 1.3 отсто, при што особено загрижуваат податоците кои покажуваат дека од вкупно 27 индустриски гранки, во април и мај пад забележуваат дури 20 гранки, додека раст во најголем дел забележуваат само индустриските гранки во кои активно работат претпријатијата од ТИРЗ зоните, односно новите компании во странска сопственост (претпријатија против кои СДСМ води активна негативна кампања), напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Посочи дека всушност и растот на извозот со кој СДСМ постојано се фали е резултат токму на фирмите кои работат во економските зони. Според него, во останатите сектори позитивните трендови се намалуваат.

-Така во областа на туризмот, растот во мај 2018 година за прв пат после неколку години е едноцифрен (8 отсто туристи и само 5 проценти на ноќевања), додека не се забележуваат ниту двоцифрени стапки на раст на трговијата, со што позитивните влијанија на овие сектори се намалуваат. Ваквите податоци, укажуваат дека растот на БДП во вториот квартал од 2018 година ќе биде близу до нула односно најверојатно помеѓу 0 и 2 отсто со што Република Македонија повторно ќе биде земја со најнизок раст во Европа и покрај фактот што реперот за споредба е исклучително низок т.е. растот на БДП во вториот квартал од 2017 година е негативен -1,3 проценти, појаснува Мицкоски.

Вели дека

Вели дека покрај националниот срам и понижување, паралелно се случува и економско уништување на Република Македонија. Посочи дека власта сака поразот да го прикаже како победа, срамот како гордост, а лагата како вистина.

Посочи дека власта сака поразот да го прикаже како победа, срамот како гордост, а лагата како вистина.

Коментирај