Мицкоски: Ова е Македонија и јас сум Македонец, нема сила што ќе ми го одземе ова право! (ВИДЕО)

0
503

Јас сум Македонец од Македонија и ќе си ја нарекувам мојата татковина Македонија, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното интервју за ТВ21.

-Јас во Армијата, во гардискиот баталјон, сум се заколнал дека ќе ја бранам независноста и суверенитетот на Република Македонија. Тоа е мое право. Дали некој оваа држава ќе ја нарекува Марс или некако како вие што кажавте, тоа е негово право. Има органи во оваа држава, нека се позанимаваат. Ако грешам, нека дојдат и нека ме уапсат. Нека ме казнат, но тоа е мое право, порача Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш порача: Ова е Македонија, јас сум Македонец и земјата ќе ја наречувам Македонија.

-Тоа никој не може да ми го одземе. Никој нема право. Ова не е режим. Или е режим? Ако е режим во ред, рече тој.

Коментирај