Мицкоски: Обновата на Македонија ќе значи повеќе за секого, надеж за која вреди да се бориме

0
133

Имав средба со Регионалната занаетчиска комора со седиште во Охрид и ја посетив домашната компанија Екошпар која обезбедува егзистенција за 30 семејства.

Мора да се обрне поголемо внимание на занаетите кои мора да ја добијат поддршката од државата. Затоа предвидуваме поддршка за домашни и странски компании што ќе обезбеди инвестиции во висина од 4 милијарди евра, воведување и намалување на рамниот данок од 10 на 8%, и силен инфраструктурен бум за поголем економски развој. Тоа значи 2 милијарди евра за нови патишта и инвестиции за нов асфалт од 1000 км регионални патишта. Обновата на Македонија ќе значи повеќе за секого, надеж за која вреди да се бориме, напиша на својот Фејсбук профил Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Коментирај