Мицкоски: Ниту има повисоки плати, ниту се живее подобро, капиталните инвестиции се само на извонредно ниски 4 осто реализација

0
218

Македонската економија драматично стагнира а за тоа директно одговорни се штетните политики на  владата и премиерот Зоран Заев. Наспроти розевата слика која сакаат да ја престават во јавноста, макроекономските показатели ја соголуваат и прикажуваат реалноста, а граѓаните тоа најдобро го чувствуваат на своја кожа, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето видео обраќање.

Тој посочува дека во државата капитални инвестиции нема.

-Затоа и нема раст, нема раст во градежништвото, во индустријата и другите гранки кои се директно поврзани со растот на економијата.  За само 2 месеци капиталните инвестиции изнесуваат 4 осто од предвиденото во буџетот. А во првиот месец изнесуваат поразителни околу 1 осто. Тие проекти што беа започнати од минатата влада, речиси како по правило сите стагнираат, а нови нема. Наспроти ова задолжувањата растат.  Тоа значи дека се задолжуваат за непродуктивни трошоци во услови кога нема капитални расходи. За само два и пол месеци секое семејство владата на Зоран Заев го задолжи за над 1200 евра, нагласува Мицкоски.

Како што истакна тој се намалуваат и државните депозити. Државните депозити се намалени за 214 милиони евра во изминатите 10 месеца. Но, се намалува и монетарното злато, тоа е намалено за 12 и пол милиони евра.

-Наспроти нереалните фалби од владата, секој од вас, секое семејство во оваа држава треба да си го постави прашањето дали живеете подобро споредено со периодот од пред 10 месеци, дали имате повисоки плати, повисоки пензии, дали сте задоволни од услугите кои ги добивате од државата? Јас како човек кој огромен дел од своето време го минува меѓу граѓаните ќе ви кажам дека ниту има повисоки плати, ниту се живее подобро. Владата покажа дека не умее, не знае и нема план и затоа треба да си замине, затоа што Македонија заслужува подобро. Доаѓа надеж. Нова надеж за Република Македонија, вели Мицкоски.

Коментирај