Mицкоски: Нема напредок додека власта носи уништување, стимулира лукративност, и подигнува ѕидови на поделби

0
122

Неправдата, лошиот стандард, сиромаштијата се работи кои се заеднички за луѓето од сите вери, заедници, државјани на нашата Македонија. Нема напредок додека власта носи уништување, стимулира лукративност, и подигнува ѕидови на поделби- напиша на својот Фејсбук профил, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по вечерашната ифтарска вечера.

Понатаму тоj напиша:

Сите луѓе ги мачат истите прашања, егизстенцијата, несигурноста и украдената иднина. А одговорот на ова не е ниту онаа изглумена метла која треба да го амнестира од одговорност оној кој ја доведе државата до работ, туку потребна е промена и обнова која вистински ќе не придвижи кон ЕУ, ќе обезбеди иднина, стандард, ќе донесе успеси. Романтизмот на власта со која се додворува до одредени заедници, не е замена за вистинските решенија на проблемите кои ги имаат овие граѓани. Со задоволство присуствував на Ифтарската вечера која ВМРО-ДПМНЕ ја организираше во Скопје за граѓаните од Исламска вероисповед во пресрет на празникот Рамазан Бајрам. Дискутиравме за заедничките реални проблеми, за соживотот, за иднината која сега е загрозена, за напредокот кој и е потребен на земјата. Да ги шириме вредностите на меѓусебното почитување, толеранција и соживот, периодот на пост, да носи среќа и радост, заеднички да се избориме за подобра Македонија!- напиша Мицкоски.

Извор:Република

Коментирај