Мицкоски: Не ја продавајте капитулацијата за името како епохален напредок

0
246

Во гостувањето на националниот сервис МТВ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во однос на прашањето за името рече дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ го знаат сите и дека е кажан многу пати а тој е дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот со цел промена уставното име. Според Мицкоски никој нема мандат од граѓаните ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту СДСМ тоа да го смени. Мицкоски посочи дека Заев многу пати излагал на националните медиуми каде јавно пред граѓаните на Република Македонија кажувал дека нема да преговара за промена на уставното име.

 

– “Имавме предлог кој веднаш го одбија Грците и го одбиваат во континуитет. Реалноста е поинаква. Ако ги загрозите еднаш преговарачките позиции логично е спротивната страна да очекува нон стоп да ги загрозувате. Токму тоа е мудроста и трпениево во еден преговарачки процес. Мудроста и трпението требаше да ги барате пред 6 месеци. Сега е доцна. Од овој момент па натаму преговорите ќе се водат за некои други предлози. Не ја продавајте капитулацијата за името како епохален напредок“ рече Мицкоски

Мицкоски посочи дека Заев ќе каже дека го спасил достоиснството. Тој праша како го спасил. Според Мицкоски, Заев го урнисал целокупниот процес на преговори некој што со години го создавал  

 – “Видете прашајте имате кого да консултирате луѓе искусни за овој процес во вашата партија. Прашајте ја поранешната министерка за надворешни работи ќе ви каже што значи преговарање и што значи процес на водење на преговори. Не се водат преговори егзебистионистички. Најголем капитал за една држава е народот“ вели Мицкоски

 

Мицкоски додава дека народот е тој што е потцененет и дека народот сам ќе ја изгради оваа држава како што ја градел до сега. Според  него на народот му требаат чесни политичари кои што ќе ја водат целокупната обнова на македонската држава.

 

Коментирај