Мицкоски најави голем народен протест против погрешните политики на СДСМ: Граѓаните ќе застанат рамо до рамо со ВМРО-ДПМНЕ

0
738

Голем народен протест во месец мај, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Радио Слободна Европа.

– Најавуваме протест на кој ВМРО-ДПМНЕ ќе ги изрази сите свои несогласувања со моменталните политики кои ги прави владејачкото мнозинство предводено од СДСМ. Очекуваме до тогаш ВМРО-ДПМНЕ да го заврши внатрепартискиот процес на сопствена реорганизација. Не очекуваме од оваа власт, апсолутно ништо, напротив очекуваме само ретроградни процеси. Очекуваме на тој голем протест да добиеме масовна поддршка од граѓаните, граѓаните да застанат рамо до рамо со ВМРО-ДПМНЕ и со политиките кои ќе ги понуди ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски во интервјуто.

Големиот народен протест ќе биде пред Владата како резултат на, како што рече Мицкоски, сите погрешни политики кои владејачкото мнозинство ги прави.

Целото интервју со Мицкоски можете да го погледнете ТУКА!


Мицкоски: Доколку ВМРО-ДПМНЕ се врати во Собрание, тоа ќе биде со интерпелација на Владата (ВИДЕО)

Коментирај