Мицкоски на ТВ Клан: Заев ветуваше живот, кажете еден проект кој го направија во Тетово

0
128

Владата на Зоран Заев сè што вети не исполни, рече во денешната емисија „Клан дебата“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој нагласи дека чист пример е и општината Тетово каде што ниту еден проект не се спроведе.

СДСМ со програма „Живот“ во 2016 година излегоа на избори за жал нивна, а за доброто на граѓаните ги изгубија тие избори, но поради оној пост изборен инжинеринг се случи тоа што се случи ја формираа таа Влада. И ајде да видиме еве веќе трета година владеат во Република Македонија што направија? Еве кажете ми што направија во Тетово, запраша Мицкоски.

Мицкоски посочи дека во Тетово ВМРО-ДПМНЕ немал градоначалник тука во Тетово туку ДУИ кој е сега во Владата.

Тука се направи Ургентен центар супер модерен во тетовската болница во кој што беа вложени повеќе од 5 милиони евра. Се отпочна жичницата на Шапка горе. Но, за трагедија веќе три години тој проект тапка во место и не успеаја да го завршат. Новата зграда на Универзитетот во Тетово, јас лично како директор на АД Електрани на Македонија донесов одлука на Управен одбор да се доделат стипендии на студентите од државен универзитет во Тетово. И можам да кажам дека новата зграда на државниот универзитет во Тетово е навистина едно фантастично и модерно, современо европско издание кое што може да конкурира на најреномираните европски универзитети. Да ве потсетам на низа други проекти кои што се направени овде, спортските сали, еве кажете ми која спортска сала е направена сега? Кое училиште е реновирано? Брутално лажеа, и за тоа што не го испорачаа влијание имаат претходните, запраша Мицкоски.

Мицкоски при посочениот пример со Тетово како пример го посочи и Струмица каде што исто така ништо Владата на СДСМ не направи за да се подобри животот на граѓаните како што ветуваа.

Извор:република.мк

Коментирај