Мицкоски на средба со иселеници во Берлин: На Македонија и треба преобразба која ќе донесе подобар живот

0
137

Се сретнав со нашите иселеници и членовите на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Берлин, Германија. Дискутиравме за Македонија, за актуелната состојба и нејзината иднина. Македонците насекаде се загрижени за она што се случува во нашата земја, за уништената економија, за погазеното достоинство, за негрижата на власта кон граѓаните дома, но и кон Македонците надвор од нашата земја, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој од вчера е во посета на Берлин, Сојузна Република Германија.

-Картите во еден правец надвор од Македонија се најчестата алтернатива кога луѓето не ја гледаат иднината во нашата земја. Мора заеднички да се обединиме во изградбата на посветла иднина, да го искористиме сиот потенцијал за да Македонија почне да се развива, да оди со крупни чекори напред, вели Мицкоски и додава:

„На Македонија и треба преобразба која ќе донесе подобар живот. За сето ова да стане можно потребно е да се порази оваа власт, криминалот и корупцијата кои тие го носат, уништувањето во сите сфери на животот кој тие го сеат зад себе“.

Коментирај