Мицкоски на штипската ТВ Стар: Нема ниту една инвестиција во Штип, ја запреа изградбата на штипската болница

0
333

Имаме неправда на секој чекор, имаме неостварени ветувања. Еве тука во Штип кажете ми една фабрика која што се отвори во технолошко-индустриската зона, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за штипската ТВ Стар.

-Една нова фабрика кажете ми. Напротив, јас слушнав од овде сведоштва од Штип дека голем дел од нив останале без работа, дека дел од погоните во текстилната и кожарската индустрија се затворени поради наметнатите даночни политики од страна на оваа Влада. До каде е реновирањето на штипската клиника? Ништо, се прекина и тоа. Автопатот не е пуштен. Едно очајно сивило кое што денес е секојдневие во Република Македонија, рече Мицкоски.

Тој истакна дека единствена работа која власта ја направи, покрај потпишувањето на капитулантскиот договор е укинување на Советот за јавни набавки кој колку-толку беше еден вид на механизам за контрола.

-Го укинаа за да може тендерите да им врват во четири очи. И втората работа која се случи е ослободителната пресуда  за „Поткуп“ која беше потврдена од страна на Апелациониот суд, на 1-ви април 2019-та, на првиот ден од кампањата. Се мислевме да не е некоја првоаприлска шега. Но, видовме дека тоа е реалност, порача Мицкоски.

Извор: kurir.mk

Коментирај