Мицкоски на концертот на Армин Ван Бурен (ФОТО)

0
488

Вчера вечер во Охрид светски познатиот диџеј Армин Ван Бурен направи фантастична забава за сладокусците на електронската музика.

Потврда е претесниот простор на Билјанини извори каде можеа да се забележат лица од јавниот и политички живот.

Меѓу нив беше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој меѓудругото беше во друштво со свои партиски соработници меѓу кој шефот на кабинет Златко Перински, претседателот на Унијата на млади сили Лука Кржалоски и членот на извршниот комитет Владимир Нелоски.

Армин Ван Бурен настапи како дел од овогодинешното издание на „Охрид Колинг“ кој е досега најуспешно фестивалско издание.

 

На првиот ден на навистина грандиозното шоу на „DIMITRI VEGAS & LIKE MIKE“ присуствуваа повеќе од 10.000 посетители.

Коментирај