Мицкоски: Криминогени структури управуваат со државата, овој терор не смее да продолжи

0
441

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со граѓаните и членовите на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром.

Мицкоски пред присутните истакна дека со државата моментално управуваат криминогени структури и дека повеќе не смее да се дозволи ова зло и овој терор кој и се случува на нашата држава да трае.

-Во нормални околности следниот момент треба да си поднесе неотповиклива оставка и да видиме како понатаму со државата. Поголемо признание за сторен криминал има ли од ова. Секој криминалец во државава кој ќе стори криминал ќе се повика на тоа. Тие луѓе ни ја водат државата. Не смееме да дозволиме ова зло, овој терор кој и се случува на нашата татковина да трае. Ама тоа зависи од сите нас посочи Мицкоски.

На средбата исто така беше кажано дека ова е битка на генерацијата и дека чекорот до крајната цел е како оваа власт да си замине што е можно побрзо.

Мицкоски кажа дека Македонија е единствената држава која што има 0% раст на БДП и убедливо се наоѓаме на европското дно. Тој посочи дека сите ветувања на СДСМ за решенија и придвижување на економијата се само мртво слово на хартија, затоа што во реалноста ситуацијата е многу лоша и ништо не се случува.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна странските инвестиции се за 100 милиони евра помали од минатата година, девизните депозити се намалени за 214 милиони евра, а монетарното злато е помало за 12,5 милиони евра откако се дојдени на власт.

-Велеа живот ќе донесеме, 30.000 денари просек плата, 16.000 денари минимална плата, минимален раст на економијата од  5%, а реалноста е дека нема 30.000 денари просек плата, нема 16.000 денари минимална плата, нема за докторите 100.000 денари плата и 0% раст. И лажат и немаат идеи како да продолжиме понатаму. Тоа е најголемиот проблем, потенцираше Мицкоски.

Тој посочи дека не се отвораат нови работни места и не само што не го оствариле ветувањето за 10% поголеми пензии туку на пензионерите им го скратија и законското покачување, со субвенциите се касни и затоа земјоделците едвај врзуваат крај со крај.

-Предвидоа рекордни 400 милиони евра во буџетот за 2018-та година за капитални инвестиции. Во јануари успеаја да реализираат од тие 400 милиони само 4 милиони, а во февруари стигнаа до 16 милиони или 4%. Споредено со истиот период од минатата година со многу проблеми со политичка неизвесност 4 пати помалку. Затоа на нас ни треба програма и на таа работиме. Во таа програма треба лично да се обврземе оние очекување кои нема да го исполниме пред нашите граѓани ќе сносат одговорност и таа личност мора веднаш да ја напушти функцијата која ја извршува, рече Мицкоски.

Коментирај