Мицкоски: Кој е мотивот за толкво понижување на сопствената држава – Вакво колективно преименување и менување на идентитетот немало ни во апертхејдот

0
387

Лидерот на ВМРО-ДМПМЕ, Христијан Мискоски во емисијата „Отворено“ на ТВ Алфа запраша како СДСМ ги уверува граѓаните дека го зачувале идентитетот кога менуваат имиња на сите 136 институции.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски кажа дека целата постапка околу името се водела егзибиционистички и дека решението кое го испорача Владата претставува се само не солидно решение кое што навистина ќе ги заштити интересите на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија. Христијан Мискоски изјави дека како ќе одминува времето ќе се потврдува на се што укажувало ВМРО ДПМНЕ.

Мицкоски појасни дека пред овој договор во личната карта на Обединетите Нации стоеше јасно и гласно македонски народ, а не граѓани на Република Македонија преведен на шесте јазици и дека јазикот не беше со фуснота туку дека стоел запишан македонски.

-Јас навистина не можам да го разберам ова чувство кај овие луѓе кој е мотивот што до толку сакаат да си ја понижат сопствената држава, сопствениот народ и сопствените граѓани, истакна лидерот на опозицијата.

„Не знам што е тоа што толку ги мотивира. Може малце барем да се има некое елементарно човечко достоинство, една елементарна национална припадност. Нека се сетат на тие луѓе што биле жртви за оваа држава и за овој народ. Навистина се чудам. Ваков јуриш не е направен ниту во времето на апартхејдот во Јужна Африка ниту пак во време на инквизицијата“, потенцираше Мицкоски додавајќи дека во историјата овие поглавја ќе бидат изучувани како посебно поглавје.

Коментирај