Мицкоски: Капитулацијата не може да биде победа – Заев може да се спореди единствено со Коте од Руља

0
636

Гледам во Законодавниот дом се повикуваат на две историски личности Гоце Делчев и Скендеребег. На нивно место, посоодветно би било идентификувањето со Коте од Руља, отколку со Гоце Делчев и Скендербег, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Патот кон“ на Алсат М Телевизија.

– Сепак не треба да ги навредуваат ликот и делата на тие личности. Повеќе мислам дека им прилега епитетот Коте од Руља и на тоа име треба ние да ги распознаваме тие луѓе кои што го потпишаа овој договор и кои што се обидуваат на јавноста оваа капитулација да ја претстават како победа, истакна Мицкоски.

Тој потенцираше дека одговорноста за целокупниот процес на преговори е само на едно лице и неговиот придружник, а тоа се Зоран Заев и Никола Димитров.

-Тие ја доведоа Македонија во една ваква ситуација да го изгуби правото на самоопределување на Македонецот. Овој договор во иднина врши комплетно уништување на Македонецот, нагласи Мицкоски.



Кој е Коте од Руља?

Историјата на македонскиот народ памети една личност чиешто име стана синоним за однароден човек, човек кој го гледа само личниот интерес и за тој интерес е спремен да го продаде целиот свој народ. Неговото име е Коте Христов. Овој човек бил Македонец по род, израснал како Македонец и бил воспитуван како Македонец, бил роден во костурското село Руља, област Корешта, Егејска Македонија. Коте за време на својот живот се вклучил во Македонската револуцинерна организација, му била доверена чета со која делувал на терен, но по доаѓањето на Марко Лерински кој требал да го превземе водството на четата, Коте од суета се одметнал од Организацијата. Веднаш по одметнувањето Коте пристапил кон грчката пропаганда која делувала на територија на Македонија, на почетокот срамежливо, не знаел што му нудат, но подоцна отворено откако добил кеш на рака.

Коте Христов е директен виновник за ликвидацијата на голем број македонски дејци, тој е човекот кој ја закопа Организацијата во Костурско и бил најголемото чедо на грчката пропаганда.

Веднаш по Балканските војни и окупацијата на Егејска Македонија, грчките власти го преименувале родното село на Коте, кое во негова чест било наречено Котас. Коте денес се слави како национален херој во Грција, неговата родна куќа е претворена во музеј, а низ цело Костурско има споменици од овој однароден Македонец кој работел само за личниот интерес.

Извор: Македонска Нација
Пишува: Никола Србов

Коментирај