Мицкоски: Јас навивам за Вардар, не оправдувам говор на омраза од ниту една група, знаете ли какви преработки имаше една стара македонска песна што се пееше во Тетово?

0
131

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на телевизија Клан Македонија потенцираше дека тој е навивач на Вардар, уште од дете.

-Видете, ако конкретно говориме за успесите на Вардар, спортското друштво Вардар, да јас сум од дете вардарец. Уште од дете кога Вардар беше во тогашната, Прва и Втора фудбалска лига во онаа држава од која што дел беше Македонија. Да јас од тогаш сум на Западната трибина како дете сум бил, сме биле тинејџери во средното училиште итн. Од рани години сум навивал за Вардар и не се срамам, тоа е гордост за мене што сум го бодрел Вардар и ќе го бодрам. И тоа имам два сина сакам тоа да го пренесам на моите синови. Исто сум се радувал кога столб на одбраната на Вардар бил Гајруш Садики, кога Артим Шакири играше во Вардар, вели Мицкоски.

На прашањето поврзано со наводните навреди кои ги упатиле навивачите на Вардар кон Албанците во Македонија тој истакна дека не се согласува со ниту една навреда по етничка основа, но потсети и на навредите кои навивачите на Шкупи и Шкендија ги упатија го Македонија.

Според Мицкоски ова не треба да се гледа низ призмата на етничка навреда туку како социолошки феномен кој мора да се превинира.

-Не можам и не се сложувам со тоа да се навредува по етничка основа, но истовремено сега да не ве потсетувам на стиховите за една стара македонска песна ,,Македонско девојче’’ која што се пее овдека на улиците во Тетово или на улиците во Чаир. Или да ви ги испеам? Што ја пееја Шверцерите и навивачите на Шкупи. Сакате да ви ја испеам, да видите како личат тие? Нема да биде пријатно. Така што не треба да ги гледаме низ призма на етничка навреда овие работи, туку како социолошки феномен кој што треба да се превенира. И едните и другите етникуми во Република Макеедонија ќе бидат повредени ако слушнат навреда. Ние не треба да го подгреваме тоа. Но треба да работиме со нив и да им кажеме дека ова е наша заедничка држава, заклучи тој.

Извор:курир.мк

Коментирај