Мицкоски: Имаме историска улога и одговорност да извојуваме победа која ќе донесе подобри времиња за Македонија

0
162

Влегуваме во финалето на една многу важна битка за Македонија, ова е битка на вредности и принципи, битка за суштина и еднанова генерација која мора да се избори за правдини, слобода и подобра иднина, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашната конвенција што се одржува во Филхармонијата.

Сега кога ја гледам оваа енергија тука, која започна пред неколку години како зрак во темнината и која низ времето стануваше се поголема, се погласна, убеден сум и сигурен сум дека сме пред прагот на голема победа, победа на нова генерација во политиката, победа над неправдите и победа на концепт темелен на вредности. Победа, затоа што се што имавме досега се порази. Ова ќе биде најзначајната победа на Македонија бидејќи овој 12 април ќе биде крајот и раскрстување со едно темно минато на нашата земја и почетокот на еден нов процес, обнова која треба да донесе повеќе за секого, рече Мицкоски.

ВМРО е таа надеж која ќе ги донесе промените, тој спој на луѓе и вредности кој ќе се спротивстави на оние кои донесоа разочарување, огромна неспособност во секое поле, криминал кој е не казнуван, раслојување и поделби, нагласи тој.

Две работи се сигурни за власта на Заев: неспособни се и криминални, и затоа Македонија оди во погрешен правец. Запрепастувачка е неспособноста со која се управува државата, неспособност која не турка кон дното, нефункционалност на системот кој крахира, неправди кои болат. Неспособност која фрла во апатија, неспособност во која гледаме како државата ни се одзема од рацете. А незаборавајте, Македонија почива на вредности, почива на пркоста на комитите, на храброста на партизаните и мудроста на асномците. На сите жртви дадени од овој народ за слободата и правдините. Борбата никогаш не престанува. Секоја генерација има своја битка, исто како и нашата генерација, и ние денес имаме историска улога и одговорност да извојуваме победа која ќе донесе подобри времиња за Македонија, додаде.

Мицкоски рече дека Македонија не смее да остане извалкана од печалбарите во политиката, туку мора да се изгради за да остане дом за идните генерации.

Од политиката денес за жал граѓаните ја видоа само темната страна, со сите нејзини подлости, недостатоци, жолчност и иритирачка реалност. Но политиката пред се мора да биде доблест, прагма која решава проблеми, гради мостови, и создава иднина. Политика базирана на морален кодекс кој ќе биде примерот по кој мора да се раководи секој еден кој сака да работи за Македонија. И само така ќе одиме вистински напред. А јас само така ја разбирам мојата улога во политиката.

Коментирај