Мицкоски ги поздрави „записничарите“ кои тајно го снимаат митингот од општинската зграда во Демир Хисар

0
1304

Ви благодарам што во ова време невреме како во 1949 година му пркосите на Заевизмот и се одваживте да дојдете овде со нас, го започна совето обраќање од Демир Хисар претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој откако ги поздрави присутните, ги поздрави полицајците кои го обезбедуваат митингот, но и „записничарите“ кои до општинските прозорци во Демир Хисар водат евиденција кој дошол на протестот.

Covek-snima-miting-vo-Demir-Hisar

Претходно медиумите објавија дека дице затскриено зад општинските прозорци го снима претставувањето на претседателскиот кандидат на коалицијата „За заедничка Македонија“, Гордана Силјановска Давкова во Демир Хисар.

Не се знае дали лицето е вработено во општината или пак е од полицијата. Но, не е невообичаено власта да ги снима митинзите на опозицијата.

Ова не и е прв пат на владејачката гарнитура да ги снима протестите и митинзите на опозицијата:

Дали власта се служи со удбашки методи: Кој ги снима протестите на опозицијата од објектот на Владата (ФОТО)

Коментирај