Мицкоски ги откажа сите закажани средби во странство: Тука сум да се сретнам со Заев

0
323

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција кажа дека ги откажал сите планирани средби кои ги имал периодов и побара итна средба со премиерот Зоран Заев, по соопштувањето дека е постигнат договор за решавање на спорот за името.

Заев претходно кажа дека со Мицкоски ќе се сретне веднаш по неговото враќање во земјата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да оди надвор од Македонија и побара веднаш да го види договорот.

Коментирај