Мицкоски: Додека бев во владата донесов 30 милиони евра инвестиции

0
246

Донесов 30 милиони евра инвестиции во оваа држава. Нека не ве чуди тоа зошто Христијан Мицкоски успеал да се стекне со тоа што се стекнал во неговиот живот. Христијан Мицкоски донесе инвестиции во енергетиката, тоа што вие оваа година не можете ни да го искречите. Тоа е разликата меѓу Христијан Мицкоски, затоа што он како професор успеал да ги убеди странците да вложат во оваа држава за да можете вие сега, и како градоначалник на Струмица да распрачувате, Тоа е разликата господине Заев, истакна Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој посочи дека не е ист како Зоран Заев кој од позиција на  градоначалник  распродава парцели на своето семејство, туку напротив, Мицкоски замина надвор од Македонија и од светскиот пазар ги донесе инвестициите во земјата  да инвестираат. Тој рече дека своите пари ги вложи во енергетиката во државата.

Дел од своите пари не ги вложив во насади за марихуана, туку ги вложив во она во кое што најдобро знам да го работам, а тоа е енергетиката и сум 10% сопственик на компании кои поседуваат три хидроцентрали во Република Македонија кои се изградени пред Христијан Мицкоски да почне да се бави со политиката, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Коментирај