Митрополитот Агатангел ќе ги предводи утрешните протести за одбрана на името, државата и идентитетот

0
917

Утре во 18 часот пред канцелариите на Европската унија во Скопје, ќе се одржи протест под мотото “За одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата“. Оттаму протестниот марш ќе се движи по булевар “Свети Климент Охридски“ и булевар “Димитрие Чуповски“ до Собранието на Република Македонија, каде ќе има повеќе обраќања, по еден претставник од македонските заедници во Германија, Франција, Италија и Швајцарија, Сотир Костов, проф.д-р Виолета Ачковска, Тодор Петров и Неговото Високопреосвештенство г. Агатангел, кои ќе го предводат маршот од ЕУ до Собранието.

Организатори на Семакедонскиот протест се македонските заедници во светот, Светскиот Македонски Конгрес и Македонската координативна мрежа – Канада во која се вмрежани Светскиот Македонски Конгрес – Канада, Меѓународното движење за човекови права, Обединети Македонци и Андон Лазов Јанев Ќосето – Канада.

Светскиот Македонски Конгрес – Канада во одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата ги декларира следните барања:

(1) Ги осудуваме сите обиди за промена на нашето име Македонија. Името на државата Македонија, името на Македонскиот народ и името на Македонскиот јазик не се предмет на распродажба, трговија и преговори и истите никогаш нема да бидат променети,

(2) Бараме безусловен крај на разговорите за името Македонија со Владата во Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија без никави придавки или додавки,

(3) Бараме итно повлекување на противуставниот Закон за употреба на јазиците со којшто се предлага воведување на двојазичност на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи,

(4) Бараме итно и безусловно ослободување на притворените и затворените од настаните на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија,

(5) Бараме ослободување од обвинение и домашен притвор на Едмонд Темелко, и

(6) Бараме поништување на Договорот Заев-Борисов, бидејќи е штетен по македонските национални и државни интереси.

Светскиот Македонски Конгрес – Канада како еден од членовите на Македонската Координативна Мрежа од Канада му благодари на Меѓународното движење за човекови права, Обединети Македонци и Андон Лазов Јанев Ќосето – Канада за нивната помош и соработка во организирање на Семакедонскиот протест на 27 февруари во Скопје, Македонија.

Cветскиот Македонски Конгрес – Канада и Македонската Координативна Мрежа од Канада ќе продолжи да ги финансира сите протести во одбрана на Македонија, Македонскиот народ и Македонскиот јазик!

Ние сме и ќе останиме браник за сите уставобранители, Македонци и македонски фамилии кои се сардисани и обесправени од внатрешни и надворешни фактори.

Македонија Вечна!

Коментирај