Митрески од ОМД: Македонија повеќе не е обрзана и не треба да преговара на нешто што е веќе наше

0
247

Писмо од потпретседателот на ОМД Александар Митрески од пред 10 години – колку работи се слични. Прочитајте во целост на линкот:

„Кога се преговара во некој спор, двете страни почнуваат со тврди ставови во своја корист кои се појдовна точка за да се дискутира можен компромис. За жал, веќе 17 години Македонија наивно преговара. Ние, во овие преговори треба јасно и гласно да кажеме дека нашето уставно име и идентитет не се можна тема за дискусија. Врпочем, ниедна личност, партија, установа нема право да преговара за уставното име. Но наместо тоа, ние постојано гледаме како да најдеме некое си фер решение и со тоа постојано си ги поткопуваме нашите позици. Во исто време пак, Македонција никогаш гласно не кажала дека и Македонија има проблем со својот јужен сосед кои треба итно да се решат, а тоа се правата на Македонците од Егејска Македонија.

Уставното име на нашата држава е Република Македонија и нема менување на тоа има за интерна и интернационална употреба. Доколку Грција има проблем со тоа име, тогаш билатерално да се реши тоа прашање. Ова требаше да биде исходот на преговорите за името во 1995. А ние, тогаш а и сега, влегуваме во преговори веќе спремни за отстапки и компромис. А другата страна во 1995 излезе со тврд став дека во името на нашата држава не смее да стои зборот Македонија, за да сега изгледа како херој кој веќе направил компромис и може да прифати име како Северна Македонија.

Колку шлаканици треба да ни се удрат за да ние се освестиме дека не треба да продолжиме во овој самоубиствен процес за срамно преговарање за нешто што од векови е наше? Тажно е тоа што Бакојанис се лути дека Нимиц давал про Македонски предлози. Секој предлог на Нимиц кој е различен од нашето уставно име е погубен предлог за нас и ние тоа треба гласно да го манифестираме. Во овие преговори само ние можеме да изгубиме нешто, а другата страна е победник со самото тоа што има преговори.

Дали на Македонија не и е грижа за стотиците илјади Македонци кои се обесправени во Егејска Македонија и уште толку Македонци кои не можат да одат да си ги видат своите родни огништа? Кога Македонија ќе го покрене ова прашање во овие преговори? До кога срамно ќе молчиме против нашиот јужен сосед а додека тие си играат со нас како сакаат? Зарем е толку тешко да се свати дека проблемот не е името, туку со милионите што јужниот содед треба да ги плати за оштета кон Егејските Македонци?

Македонија мора веднаш да ги прекине овие преговори бидејќи повеќе не е обврзана да го прави тоа. Со ветото е прекршен привремениот договор и со тоа Македонија мора да поднесе барање за пре-регистрација во Обединетите Нации под своето уставно. Впрочем се виде дека тие селективно почитуваат договори. Ние го дадовме своето знаме за да не ни се дава вето. Кој ни гарантира дека доколку пак направиме отстапки тие нема пак селективно да почитуваат договори кога треба да влеземе во ЕУ.

Македонија мора да почне агресивно да го поставува прашањето за Македонците од Егејска Македонија до Европскиот парламент и Судот во Стразбург. Македонија треба да поведе судска постапка поради прекршување на договорот и претрпените штети што не сме во НАТО. Се покажа дека и покрај ветото нашата држава има приајтели и има перспектива. НАТО нема да ги реши економските прашања, туку работа, почитување на закони, некорумпираност и гордост се нашата иднина.“

Aleksandar-Mitreski-OMD-pismo

Писмо на Потпретседателот на Обединета Македонска Дијаспора, Александар Митрески публицирано на 21 април 2008 во весникот Дневник по ветото на Грција за членството на Македонија во НАТО

Коментирај