Митови за месечниот циклус на жената

0
857

Точно е дека месечниот циклус е период за кој жената не сака да зборува, во кој нема позитивно расположение , но некои работи се прилично претерани. Еве кои се митовите во врска со месечниот циклус на жената:

Мит 1: Менструацијата е начин телото да се исчисти секој месец
Звучи добро, но не кореспондира со реалноста. Менструацијата го означува крајот на месецот каде што една јајце клетка едноставно се одвојува.

Мит 2: Менструацијата задолжително е тешка и болна
Не! И не се пренесува генетски! Можеби твојата мајка има тешка менструација, но ти благо да ја почувствуваш или речиси да не го чувствуваш нејзиното присуство.

Мит 3: Не е добро да се има секс во тој период
Всушност е добра идеја, се разбира, ако не се чувствувате непријатно. Инаку крвта служи како природен лубрикант. Тоа апсолутно нема да влијае на вашето здравје.

Мит 4: За време на циклусот подобро е да не се спортува!
Не, можете да вежбате, но движењата треба да се полежерни.

Мит 5: Периодот помеѓу последниот и новиот циклус секогаш треба да е 28 дена
Не! Тој може да се движи од 21 до 35 дена!

Не верувајте на митови! Верувајте им на фактите!

Коментирај