Митови поврзани со бременоста

0
910

Ако планирате бременост или очекувате бебе, не постои сомнеж дека веќе барате информации за тоа што ве очекува во следните 9 месеци, а и по раѓањето на бебето. Корисни информации може да се најдат, но има и погрешни тврдења кои можат да ви ја нарушат радоста од очекуваното бебе. Видете кои се едни од најчестите митови поврзани со бременоста.

Мит: Треба да се храните по три пати на ден
Погрешно! Добро е бремената жена да јаде по 6-7 мали порции на секои два до три часа. Конзумирањето на различна храна ќе помогне за одржување на стабилно ниво на шеќерот во крвта, што е важно за здравјето на мајката и бебето.

Мит: Не треба да пиете кафе
Апсолутен мит. Според истражувањата една до две чаши кафе, чисто или со млеко, нема да му наштетат на здравјето на бремената жена. Ако сакате да пиете газирани пијалоци со кофеин во нив, тогаш замислете се за нивната корист. Сигурно немаат таква, додека пак кафето има голем број на здравствени придобивки кога се консумира во разумни количини.

Мит: Ако сте бремени не консумирајте сирење
Погрешно! Некои видови сирења кои се тврдо пастеризирани и немаат мувла, се погодни за исхрана. Избегнувајте ги меките сирења и оние кои не поминале низ пастеризација.

Мит: Ако сакате да забремените по сексуалниот чин треба да лежите
За жал, нема многу докази дека покренувањето на карлицата, долготрајното лежење после секс, би ги зголемиле шансите за забременување. Водете љубов, а потоа само релаксирајте се во прегратките на саканиот.

Мит: Не може да летате со авион за време на првото или последното тромесечие
Ако вашата бременост се развива добро, вие се чувствувате добро, може да патувате со авион. Сепак добро е во напредна бременост да се консултирате со вашиот лекар. Ако според него нема никакво стравување за можни компликации може да уживате во патувањето.

Мит: Колку е поголемо бебето, толку подобро
Погрешно верување. Прекумерната тежина кај новороденчињата, а и потоа при развојот на бебето, крие ризик од развој на дијабетес и други сериозни состојби во подоцнежна фаза од животот.

Мит: Апетитот кон солена храна значи дека ќе имате момче, а кон слатка – девојка
Истражувањата покажуваат дека желбата кон одредена храна нема никаква врска со одредувањето на полот на бебето.

Мит: Ако вашата мајка имала лесни раѓања и кај вас ќе биде така
Наследните фактори немаат никаква улога во предвидувањето колку лесно или тешко ќе протече една бременост или раѓање. Како можни фактори за тоа како ќе помине породувањето се големината и позицијата на бебето, начинот на исхрана, придружните болести и компликации итн.

Коментирај