Мисицата Дијана пред еден месец била пресреќна, а потоа се тргнало на лошо!

0
984

Дијана Милојковиќ ја изгуби битката против тешката болест и почина во 33 година од животот. Вистината за тоа како ги минала последните денови и за што размислувал, Дијана ја понесе со себе, а само најблиските биле сведоци колку болни биле последните денвои и часови додека се гаснела најубавата насмевка на нивната ќерка, сестра, тетка.

Својот живот во добро и зло несебично го делела со сите, била активна на социјалните мрежи каде не можело да се насети дека болеста повторно ја добива битката.

Како принцеза во долга тоалета и со насмевка која лекува на 5 јуни позирала пресреќна на бејби шауер. Во исчекување на внуката која го носи нејизното име, Дијана не ни насетувала дека нема да стигне да ужива во нејзиното растење. Се радувала на среќните вести и годините кои доаѓаат. Но судбината сакала поинаку. Иако две години се борела како лавица, последниот месец се се променило. Никој не верувал дека болеста ќе ја победи нејзината желба за живот и плановите кои ги ковала од ден во ден, но нејзината насмевка се гасела. Добила многу битки, но не и војната. Дека и снемува сила и оружје за борба со нерамноправниот непријател можело да се насети дента кога се повлекла од социјалните мрежи.

Сите кои ја познавале знаеле дека го насетува крајот и дека сака тивко да замине. Следувале апели за крв пред еден месец, а потоа тишина. Долга тишина. Ниту буква, ниту збор повеќе од еден месец. И тогаш дојде крајот.

Никогаш не сакала сожалување, поради што нејзиниот профил изобилува со фотографии од среќните моменти. Секоагш била насмеана и средена, никогаш не се откажала од тоа да биде достоинствена во борбата, убава, грациозна и женствена. Ниту најздравите жени на планетава не светеле со таа животна радост како неа, а имало денови кога било тешко да стави ајлајнер и да обуе штикли, посебно после терапија. Но тоа за неа бил уште еден предизвик.

Освен што била убава, таа била и образувана. Имала заврешено два факултета, фармацевтски и факултет за менаџмент.

Извор:Република.мк

Коментирај