Мира Турбо Дизел да одговори: Дали синот и братот се вработени ден по распишувањето на претседателските избори?

0
207

Од вчера и братот на пратеничката Мира Стојчевска е вработен во ЕЛЕМ. Вработен е преку Агенција за привремени вработувања за потребите на РЕК Битола како бравар-кранист, информираат од РЕК Битола. Нејзиниот син се вработи во истата државна компанија еден ден пред вујкото да се скраси.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на денешата прес-конференција коментира дека сугурно не ѝ е лесно на пратеничката Мира Дизел Стојчевска штом не знаела и морала од медиумите да разбере дека нејзиниот син Виктор Стојчевски аплицирал и за негова среќа бил вработен во државната ЕЛЕМ.

За да не ги обвини медиумите дека кријат информации од нејзе, еве да и помогнеме со уште една информација, која би сакале да ја потврдиме пред целата македонска јавност. Почитувана Мира, дали е точно дека покрај Виктор, твојот син вработен во ЕЛЕМ, преку агенција за времени вработувања е примен и твојот брат како перспективен бравар со завршено средно училиште? Еве ѝ шанса на Мира Дизел Стојчевска да се јави кај нејзиниот брат и да го праша дали и тој е ангажиран во ЕЛЕМ односно во РЕК Битола? Дали е на определено или неопределено време? Дали и тој стартува со работа од 11 февруари?

Арсовски обелодени дека датумот на спроведување на вработувањето на син и на брат и во Агенцијата за вработување се на 9 fevruari, односно во саботата, еден ден по распишувањето на претседателските избори

Првиот работен ден на Виктор и на брат ѝ на Мира бил вчера, односно на 11.02 во понеделник три дена по распишувањето на претседателските избори од страна на Собранието. Она што е симптоматично и ја интересира јавноста е дали е точно и како е можно да син ѝ на Мира Стојчевска да биде пријавен за вработен во државната ЕЛЕМ ден по распишување на претседателските избори во Собранието?

Арсовски вели дека премногу е симптоматично исто така, како е можно сите блиски роднини на функционерите од власта токму сега да добијат шанса за вработувања и тоа баш во институциите и претпријатијата каде што платите се многу повисоки од 500 евра просечната плата која што ја ветуваше Зоран Заев пред изборите.

Најверојатно тоа е дел од планот на СДСМ и Владата за покачување на просечната плата, така што ќе си ги вработат своите роднини на места каде што ќе земаат многу повисока плата од просечната за сметка на сите оние граѓани кои што земаат далеку пониска плата од просечната.

Извор

Коментирај