Милошоски: Пратениците на СДС од Охрид не прифатија амандман за исплата на штетите од земјотресите

0
782

Би сакал во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, да искажам едно разочарување, не толку од пратениците од  ДУИ или од Алијансата на Албанците колку пратениците од Охрид Томислав Тунтев и Жаклина Лазаревска што не прифатија еден интервентен амандман од 2 милиони евра кој што би можел да биде на располагање на граѓаните кои што претрпеа штети во Ресен, Охрид и Струга од серијата земјотреси кои што се случуваа во изминатиот месец, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски по денешната расправа за ребалансот на буџетот.

Досега имаме информација во трите општини има над 850 пријавени штети на лични, приватни објекти, а истовремено се смета дека ќе биде потребно да се провери статистиката на одредени јавни објекти како што се училишта, градинки, цркви, џамии, посебно во постариот дел на Охрид кои што би можеле да имаат претрпено некои оштетувања, но не мора веднаш и да се видливи.

И затоа цениме дека со ова пратениците од Охрид пропуштија можност да алоцираат мала сума, но сепак важна сума на средства која што ќе може после проценките на овие штети да им биде од помош на Охриѓани, Стружани и Ресенчани.

Коментирај