Милошоски: Од денешна гледна точка, Хан „баш го брига“ и за Јанева и за селективната правда и за рекетирањето и за Македонија

0
482

Поранешниот македонски министер за надворешни работи Антонио Милошоски се осврна на екскомесарот за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, по пресудата за бившата шефица на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева.

„Од денешна гледна точка ЕУ комесарот Хан ‘баш го брига’ (цитат Р. Мерко) и за Катица Јанева, и за пресудата, за селективната правда, рекетирањето, за тоа каде се парите, и за пуштениот убиец на Мартин Нешковски, за уцените од Бугарија, и за проблемите со кои се соочува Македонија!“, го коментира досегашниот пратеник твитот на Хан од 2016 година: „Добра средба со специјалната обвинителка Катица Јанева, која ме брифираше околу нејзината работа и предизвиците“.

Коментирај