Милошоски: Нема долго да трае вашето одмагање на колегите кои ви помагаа!

0
330

За време на „режимот“ двајцата станаа амбасадори, а едниот и специјален советник на главниот. Сега се министер и шеф на кабинет, па заедно решиле да деградираат околу 30 кариерни дипломати, нивни колеги. Меѓу нив и неколку доктори на науки, магистри, па дури деградирале и колешка пред пензија. Она што го покажува вистинското лице е што кариерно се деградирани дипломати кои на двајцата амбасадори лично им помогнале и како на колеги и како на луѓе во претходните 10 години, но сега двајцата се во високата ложа, па заборавиле дека со истите колеги треба да дочекаат и пензија. Но, нека.

Порака за двајцата: со списокот од 30тина деградирани кариерни дипломати, како и оној другиот на дипломати на вашата листа на лична нетрпеливост, вие знаете дека краткорочно им правите штета на колегите. Но, верувајте, среднорочно само давате препорака за луѓето кои следната година ќе напредуваат и ќе добијат поголеми одговорни задачи и внатре во МНР и надвор во ДКП-ата. Нема долго да трае вашето одмагање на колегите кои ви помагаа. Ќе ги биде!

Фејсбук објава на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски

IMG_20190719_093239_996

Коментирај