Милошоски: Назначена од Димитров и советничка на Пендаровски предизвика дипломатски скандал со Италија!

0
2199

Пратеникот Антонио Милошоски со реакција на Фејсбук навредите кон министерот за внатрешни работи на Италија Матео Салвини и поранешниот премиер на Италија, Силвио Берлускони дека се клепто фашисти е голем дипломатски скандал и деградирање на италијанскиот амбасадор во земјава.

„Дипломатски СКАНДАЛ со Италија!
Откако италијанскиот весник Ла Верита објави ексклузивн снимки за криминалниот скандал “Рекет” и организираната вмешаност на СЈО, Катица Јанева и дел од владата во истиот, професорката од Правниот факултет г-а Ана Чупеска, изјави дека “тоа е специјална војна која ја водат клепто-фашистите” Матео Салвини и Берлускони од Италија.

FB_IMG_1565595265104

Проф Чупеска има пренесен владин мандат, бидејќи е назначена од МНР Димитров за член на ГР-МК историска комисија, а истовремено е близок советник на Претседателот Пендаровски. Заради државните позиции на кои е назначена, квалификациите на Проф Чупеска дека демократски избраниот министер за внатрешни работи на Италија, Матео Салвини, е клепто-фашистит, се голема навреда кон пријателска Италија, но и деградирање на угледот на италијанскиот амбасадор во Македонија, Н.Е. Карло Ромео, како претставник на владата на Салвини во Скопје.

МНР Димитров и Претседателот Пендаровски најмалку што можат е да го повикаат италијанскиот амбасадор и да му се извинат за оваа скандалозна навреда кон италијанската влада, а дека тоа не се празни зборови треба да го потврдат и со истовремено разрешување на Проф Чупеска од сите владини тела и државни позиции.
Италија е земја основач на ЕУ, и без разлика на владината провиниенција, секогаш била силен поддржувач на евро-атлантските аспирации на Македонија, а ваквите груби навреди само можат дополнително да ја загрозат позицијата на државава пред очекуваниот октомвриски Совет на ЕУ и расправата за добивање на датум“.

Коментирај