Милошоски: Луѓе кои што гласале на последните избори за Заев, денес се срамат што ваков човек ја претставува државата

0
190

Вечерва во емисијата „Заспиј ако можеш“, гостуваше Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кој што посочи дека има луѓе кои што гласале за Заев, а денес се срамат што тој е премиер и ја претставува Македонија.

-Сите премиери од Никола Кљусев до Зоран Заев, имале свои добри страни и свои недостатоци, и своја основана идеологија или добри и лоши законски проекти за време на транзицијата. Но ако ги споредиме сите нив и Црвенковски, и Кљусев, и Груевски, и Хари Костов, и Бучковски со Зоран Заев има една голема разлика, а тоа е што ниеден претходен премиер не слегол толку ниско под просекот на едно достоинствено однесување. По однос на држење на дадениот збор, на лажење, на правење гафови намерни или можеби засновани за нивото на интелигенција, разговори со Порошенко, со Столтенберг, давање на безобразни изјави за политичкиот противник. И мојата скромна проценка е дека дути има и луѓе во Република Македонија оние кои што припаѓаат кон СДСМ, луѓе кои што гласале на последните избори за Зоран Заев кои што се срамат што ваков човек ја претставува државата, истакна Милошоски.

Молошоски додаде дека и на меѓународно ниво и помеѓу дипломатите во Македонија но и на поширок план регионален смета дека има политичари и дипломати кои што се потсмеваат на Македонија поради Зоран Заев.

-Поголем дел на граѓаните на Република Македонија се чуствуваат непријатно или дел од нив засрамени што Заев ја претставува државата како премиер, нагласи Милошоски.

Коментирај