Милошоски ги објави целите на СЈО/СДСМ за „новата реформска влада”, но нагласи „НЕМА ДА ВИ ПОМИНЕ“

0
799

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил објави кои се целите на СЈО/СДСМ за “новата реформска влада”:

Неговиот Фејсбук статус го објавуваме интегрално:

– до Јуни да се покренат уште 20тина неосновани обвиненија против истакнати членови на ВМРО кои ги разобличуваат штетните политики на Заев.
– до крајот на годината да има референдум за името по грчки терк и под прогон и приведувања од СЈО-МВР-СДСМ ќе бидат и политичари и медиуми/новинари кои имаат потенцијал да се спротивстават на тој план. Новиот Претседател на Собранието ќе има задача да оневозможи референдум или да го штелува референдумското прашање.
– до крајот на годината треба да помине Законот за двојазичност на цела Македонија и редефинирањето на државата според платформата од Тирана и предмет на прогон и подолг притвор ќе бидат предводниците кои ќе се обидат да го попречат планот; притисокот ќе вклучува и објава на монтирани приватни снимки за деградација и оцрнување на личностите. “Двојазична” Македонија нема да има основа да бара опстојување на македонски/Macedonian за јазикот и идентитетот во решавањето на спорот со Грција.
– до крајот на годината ќе треба Заев и СЈО да најдат “независни судии” кои ќе потпишат ослободителни пресуди за обвинетите во “Монструм” и “Диво Насеље”, а за возврат Заев да биде ослободен од вина во предметот “Поткуп”.
…итн
…итн
Но, нема да Ви помине!

Коментирај