Милошоски: Апсурдно е нереализираниот нобеловец Заев да добие награда, кога поради него имаме најголем прогон на новинари, најголем рекет на стопанственици

0
262

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, вечерва гостуваше во емисијата „Заспиј ако можеш“ каде што посочи дека апсурдно е Заев да добие награда за постигнувања во рамките на заштита на човекови права, во време кога поради него во Македонија имаме најголем прогон на новинари, најголем рекет на стопанственици кои што не му се истомисленици, најголема селективна правда на политички опоненти.

-Мислам дека е провидно се работи за еден нереализиран нобеловец, господинот Зоран Заев кој што сега на изборите треба да добие некој падобран како да се спушти на земја. Ова е спуштање на нивото на „Фридрих Еберт“ очигледно за да помогнат за некоја предизборна програма на СДСМ, истакна Милошоски.

Милошоски додаде дека со законот за политички партии и фондации во Македонија политичките партии СДСМ; ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и други имаат право да формираат и политички фондации, центри за истражување. И ВМРО-ДПМНЕ има тоа е „Павел Шатев“. Замислете како „Павел Шатев“ доделува награда на некој градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ како најдобар градоначалник на годината. Тоа е многу провидно. „Фридрих Еберт“ фондацијата никогаш не носи одлуки без тесна координација со одредена група на партијата СПД. И во овој случајсе работи токму за тоа.

-Тоа што е уште почудно е тоа што т.н. награда се доделува за постигнувања во рамките на заштита на човекови права. Јас не гледам што Заев направил конкретно за да заштити нечии човекови права. Во негово време имаме најголем прогон на новинари, најголем рекет на стопанственици кои што не му се истомисленици, најголема селективна правда на политички опоненти, тоа воопшто не одговара со човекови права дури ни за македонски услови а камо ли за германски, нагласи Милошоски.

Коментирај