Милески: Науката прави јасна дистинкција помеѓу Македонците и Грците – Северџаниве со таблите прават класичен фалсификат на нашата сопствена историја

0
1202

Откако започна поставувањето ознаки на спомениците и отстранувањето на Сонцето од Кутлеш од симболите на јавните институции и на јавните простори, но и од јавните објекти и површини, согласно Договорот од Преспа, Роберт Милески, член на Македонскиот Национален Совет, на својот Фејсбук профил сподели карта за тоа како германската наука гледа на античкиот период.

Како што наведува Милески, на картата постои јасна дистинкција помеѓу Македонците и Грците, затоа горе пишува „Македонското Кралство“, а долу е напишано „Грчки градови-држави“.

Со новите табли на Северџаниве со кои по спомениците лепат називи дека се грчки, се прави класичен фалсификат на нашата сопствена историја. Ваков пример е невиден во човековата историја кога сам народ се самобрише од постоење и никој не презема ништо.

Сега Грците ќе почнат да го користат нашето самоукинивање како аргумент за да извршат притисок во сите научни кругови да се измени ваквиот поглед на историјата и јасната дистинкција помеѓу Македонците и Данајците.

Видете, никој со здрав разум не тврди дека ние денешните Македонци сме чисти антички Македонци. Ниту Италијаните можат да тврдат дека се чисти Римјани, нели. Кај нас се случиле многу миграциски процеси, како и секаде. Но досега со сигурност се знаеше фактот дека античките Македонци и Грците се комплетно различни, а ние бевме своевиден жив доказ, затоа и сме им трн во око. Сега повеќе не е така, оти токму домашниве предавници ја сменија историјата, вели Милески.

Тој предупредува дека овој процес нема да запре тука, туку дека сечењето на нашиот македонски корен од антиката е само почеток. Според него целта е да се затруе коренот, за да се сруши целото дрво.

Да резимирам: доколку овој мрачен период го сфатиме како окупација, тогаш сè ова ќе може да се поништи и ќе имаме објективна причина за сите случувања да ги обвиниме квислинзите и со тоа историски ќе сме чисти. Но основата е народот да се разбуди, а пред се идната влада (сегашна опозиција) и случувањата така да ги дефинира. Доколку тоа не се случи, тогаш битката за Македонија и македонскиот народ за жал е веќе изгубена, пишува Милески.

Историчарот Асани бара отстранување на „хеленските“ табли од спомениците: Тоа е историска измислица

ФОТО: По Сонцето од Кутлеш, Владата се откажа од Александар Македонски и други споменици

Коментирај