Милески: Гласаш промена на име на држава, бришење на народ и еве вака те наградува муртинскиот лажов (ФОТО)

0
1179

Гласаш промена на име на држава, бришење на народ и еве вака те наградува муртинскиот лажов. И тоа добиваш проектче баш во Муртино! 142 илјади евра. Машала.

Оваа Атриум не беше од Крсте Мука од ВМРО-ДПМНЕ? Нели овие од СДС тогаш и за таа фирма објавуваа некакви криминали и ќе ги судеа, а сега истите им се најдобри другарчиња и им делат тендери. А им ја отвори вратата и го наседна народот да влезе во Собрание за сега некои да скапуваат по затвори заради него.

Ех бре народе македонски, свести се не спиј ти, какви бараби нè водат и сите избрани на изборни модели од големите партии! Затоа ви велам дека тие што се против вистински плурализам и против една изборна единица со отворени листи ќе нè доведат до ист состав на парламент како досега, теледиригиран од семоќните лидери.

Една изборна единица со отворени листи! Слобода за парламентот и собраниската говорница! Тогаш со вакви како мене ќе мора да преговараат за нивните програми, а ќе им брцаме во очи секој ден на парламент! Сите заедно ќе составиме програма за следниот легислативен период. Нема мир да имаат за ништо. Тука, на фејсбук, заедно ќе им подготвуваме закони и ќе ги ставаме во собраниска процедура! Народот за народот! Закон за потекло на имот на сите избрани функционери, па да видиме јавно кој ќе биде против него! Само тогаш навистина ќе почувствувате дека имате удел во начинот на водење на сопствената држава, а не да ве бараат од избори до избори.

Фејсбук објава на бизнисменот и активист Роберт Милески

Коментирај