Миленко Неделковски објави „бомба“: Луј Витон во Владата на Заев

0
4372

„Снимката што денеска се појави во Италија, има една клучна алатка во докажувањето на тоа КОЈ стои зад рекетот што го прават Боки 13 и Кичеец.

Имено, се работи за брендираната чанта Луј Витон во која се ставени милион-и-пол евра во банкноти под 100 евра. Толку е тешка што дури и набилдан момак ко Кичеец едвај ја тегне! Проблемот што го имаат рекетарите и нивниот Капо е што во таа торба имало поставено “тракер”. Односно GPS уред што лоцира точно каде е чантата во одреден момент.

Документирано е од страна на службата што ја прави целата акција за разоткривање на криминално-рекетарската шема, дека откако Боки и Кичеец пешки доаѓаат до своето ауто и заминуваат со него, СЛЕДНОТО застанување на возилото е во гаражите на Владата на Република Македонија.

И таму, Луј Витон се задржува подолго време“.

Фејсбук објава на новинарот Миленко Неделковски

„Локација на ташната Луј Витон.“, напиша Неделковски во нова објава на Фејсбук на која објави фотографија од наводната локација на чантата Луј Витон со која Боки 13 и Зоки Кичеец му извршиле рекет на Орце Камчев

Коментирај