Миле Јанакиески поднел претставка до Хелсиншкиот комитет за човекови права

0
399

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески има поднесено претставка до Хелсиншкиот комитет за човекови права, до Коалиција Сите за правично судење и до Македонско здружение на млади правници и повторно се жали на тоа дека не може соодветно да ја подготви својата одбрана поради должината на судските рочишта.

Ова на денешната прес-конференција го соопшти извршната директорка на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска.

Сите ќе го известиме писмено дека ние не можеме да ја менуваме мерката притвор. Не можеме да му укажуваме на судијата, ниту да менуваме било какво судско решение, информира Пировска.

Извор:republika.mk

Коментирај