Милчин: Од амнезија до амнестија – Јандриоски: Ние сме никакви, Кукавици

0
674

Поранешниот долгогодишен прв човек на Сорос фондацијата во Македонија, Владимир Милчин преку својот Фејсбук профил упати критики за донесувањето на Законот за амнестија за настаните од 27 април минатата година поврзувајќи го со немилите настани од т.н. „црн понеделник“ од 24 декември 2012 при донесувањето на Буџетот за 2013 година.

Фејсбук објавата на Милчин ја пренесуваме интегрално:

„ОД АМНЕЗИЈА ДО АМНЕСТИЈА
Тепачите пратеници, полицајци и партискиот џган насилници, ако не се лажам, не беа ни повикани на одговорност ниту беа казнети. Немаше амнестија, но имаше амнезија.

Затоа и се случи 27 април. Пратеници кои им отвориле врати на насилници ќе бидат амнестирани!? И ќе си останат пратеници во Домот од кој направија касапница!

Безумие со кое никогаш нема да се помирам. Ми се врти утробата од озаконувањето на мракот кој ни се надвиснал на главите.“

Фејсбук објава на Владимир Милчин

Milcin-Amnezija-Amnestija

Од друга страна пак, активистот Кристијан Јандриоски преку Фејсбук објава, од своја гледна точна, даде опис на настаните што се случуваа во 2012 и нивното влијание врз промената на името и идентитетот на Македонија кој е во тек:

„На денешен ден 2012-та. Борбата за промена на име, идентитет, историја, култура и свемакедонско за нив немаше цена. Решени беа по секоја цена да дојдат на власт и да го сменат името на земјава. Успеаа, им успеа.

Меѓутоа ние не сме таквии….ние сме со гандиевски методи. Уствари и не мора ништо да додадам, сите потсвесно сами си знаете дека ….ние сме никакви. Кукавици.“

Фејсбук објава на Кристијан Јандриоски

Jandrioski-FB-za-2012

Коментирај