Михајловски: Целава лакрдија со главниве ликови е за да не видиме дека рибата смрди од главата

0
342

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, актерот Тони Михајловски, ги коментира случувањата околу случајот „Рекет“, во кој главни осомничени се Бојан Јовановски и Зоран Милески.
Како што веќе реков, ова е само огномет кој треба да ни ги држи главите кренати нагоре и загледани во небото, за да не видиме што реално се случува долу на земјата. Таму кај што го живееме “животот за сите”.

Целава лакрдија со сите главни ликови во неа треба да ги покрие трагите кои ќе докажат дека власта е врвниот криминал и корупција, и дека рибата смрди од главата, пишува Михајловски на Фејсбук.

Извор:република.мк

Коментирај