Михајловски: Македонијо, мајко – Предадена од своите деца и оставена во дом за заборавени и забранети нешта

0
579

Македонија гори. Бројни активни пожари беснеат на неколку жаришта низ земјава. Додека Македонија гори, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување си „кулира“ на кафица.

МАКЕДОНИЈА ГОРИ, УВО НЕ ГО БОЛИ: Директорот на дирекцијата за зaштитa и cпасувaњe, „кулира“ на кафе додека пoжари ја пустoшaт државата

Командирот на противпожарната единица во Скопје, Љубомир Кочовски, пак, одговорно тврди дека сите пожари се подметнати.

Командир на противпожарна служба: Најодговорно тврдам дека сите пожари се подметнати

И додека Заев уште еднаш ја докажува својата неспособност да се справи со вистинските проблеми, локалните шерифи ја земаат власта во свои раце.

Мицковски: Кажете му дека гори во Преспа, еј Преспа премиере, како Преспански договор, ти текнуе?!

Револтиран од состојбата во која се наоѓа земјата, на „Фејсбук“ се огласи и актерот Тони Михајловски.

„Македонијо, мајко. Ти гориш, ние пееме, ти плачеш, ние се смееме. Ти умираш, ние планираме да живееме. Те избришавме, за ние да се запишеме. Предадена од своите деца, и оставена во дом за заборавени и забранети нешта. Жално, жална мајко Македонијо“, пишува Михајловски.

Коментирај