МИ5 најмалку трипати била предупредена дека Салман Абеди е опасен

0
347

Британската безбедносна служба МИ5 најмалку трипати била предупредена за екстремистичките ставови на бомбашот-самоубиец Салман Абеди, кој минатата недела изврши напад за време на концертот во Манчестер арената, при што загинаа 22 лица, од кои седум деца, објави денеска Би-Би-Си.

МИ5 започна истрага околу тоа како постапиле агентите на служба по предупредувањата од јавноста дека 22-годишниот Абеди е потенцијално опасен, а подготовува и посебниот извештај за британските министри и оние кои ја следат работата на британската безбедносна служба.

Рано утринава во Западен Сасекс е уапсено 23-годишно момче, осомничено за терористички престапи, а манчестерската полиција соопшти дека апсењата се извршени синоќа на уште две локации во областа Манчестер и во Честер.

Моментно 14 мажи се повикани на сослушување во врска со истрагата за нападот, во која се ангажирани околу илјада луѓе. Досега се уапсени 16 лица осомничени за терористичкиот напад.

Коментирај