Метеоролозите со лоши информации: Следуваат поројни дождови и грмежи, а во петок нова промена

0
1019

Времето во Македонија и попладнево ќе биде променливо облачно, нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во јужните делови.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен, а попладне од променлив правец. УВ индексот ќе изнесува шест.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со услови за краткотраен локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Температурите ќе се движат од 14 до 25 степени.

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи. Во петок и сабота се очекува процесите да бидат послаби.

loading...

Коментирај