МЕТЕО: За викендот северен ветер и пад на температурите

0
632

Во текот на ноќта од север се очекува да навлезе влажна постудена воздушна маса со посилен северен ветер во Македонија што ќе ги спушти дневните температури за време на викендот, а во следните денови температурата ќе биде во пораст.

Во претпладневните часови во северните делови, а потоа најмногу вдолж Повардарието, северниот ветер повремено ќе се засилува и ќе биде проследен со појава на повремен пороен краткотраен дожд и грмежи.

Утре преку ден времето ќе биде променливо облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд и со ретки грмежи, кои ќе бидат пообилни во западните делови и на крајниот исток.

Во недела ќе продолжи да дува повремено засилен северен ветер и ќе има појава на повремен послаб дожд, кој ќе биде почест на север и на исток.

Температурата ќе достигне до 29, а во недела до 26 степени.

Коментирај